Пјонгјанг: САД „долеваат масло на огнот“со заедничките воени маневри со Јужна Кореја
Северна Кореја ги предупреди САД дека „долеваат масло на огнот“ со заедничките воени вежби со Јужна Кореја, што почнуваат утре, на одгласите за крајно заострените односи меѓу Вашингтон и Пјонгјанг, соопштија француските медиуми.
Во маневрите ќе учествуваат 17.500 американски војници, како и војници од Австралија, Канада, Колумбија, Данска, Нов Зеланд, Холандија и Велика Британија.
На минатогодишните воени вежнби учествуваа 25.000 војници.
-Вежбата „Ulchi Freedom Guardian“ (Чувар на слободата на Улчи) главно ќе мине во компјутерски симулации со цел да се подобри борбената готовност и одбраната на регионот и да се зацврсти стабилноста на Корејскиот Полуостров, се наведува во соопштението на Пентагон.
Според Пјонгјанг, овие вежби се провокациско повторување на упад во Северна Кореја.
„Заедничките воени вежби „Ulchi Freedom Guardian“ повторно ќе долеат масло на огнот и ќе ја влошат ситуацијата на Полуостровот“, се наведува во редакцискиот коментар на органот на владеачката партија „Нодон синмун“.
Предупредувајќи на „неконтролирана фаза од нуклеарна војна“, весникот уверува дека „ доколку САД фантазираат дека една војна на Полуостровот ќе се води кај некој друг, далеку од нив, на другите брегови на Тихиот Океан, тие се во дебела заблуда“.
Ново на Сител
-
Руте: На Самитот во Хаг ќе донесеме историски одлуки за нашите граѓани да бидат побезбедни
-
Прегазен пешак во Гостивар
-
Сообраќајка помеѓу мопед и велосипед - тешко повреден 60-годишен охриѓанец
-
Скопјанец измамил лице кое требало да му продаде возило - не платил и го препродал
-
МВР и КСЗД ја унпредуваат соработката
-
Обвинителството ќе ја обжали ослободителната пресуда за таткото на Вања
-
Мицкоски: Законот за правична застапеност обезбедува професионализам и компетентност на сите граѓани во Македонија
-
Приведен 47-годишник од неготинско, управувал возило со 2,46 промили алкохол во крвта