Пјонгјанг фрли еден милион пропагандни летоци над Јужна Кореја
Северна Кореја фрли околу еден милион пропагандни летоци над Јужна Кореја со помош на балон, соопштија денеска јужнокорејските власти.
Во соопштението на Министерството за одбрана на Јужна Кореја се наведува дека војската на Северна Кореја секојдневно испраќа балони во мисија за фрлање летоци.
Портпаролот на јужнокорејското Министерство за одбрана Ким Мин-сеок наведува дека покрај пограничните подрачја, летоците стигнале дури до Сеул.
Официјален Пјонгјанг во последните години ретко фрлаше летоци над Јужна Кореја откако двете Кореи официјално прекинаа со „психолошката војна“ како дел од мерката за намалување на тензиите договорени во 2004 година. Но и покрај тоа јужнокорејските активисти повремено испраќаа балони, што предизвика остра реакција на Пјонгјанг.
Тензиите меѓу Северна и Јужна Кореа се зголемија откако Пјонгјанг на 6. јануари објави дека извршил проба на хидрогенска бомба, а Сеул повторно покрена емитување на пропагандни пораки преку огромните звучници на границата на двете земји.
Северна Кореја одговори со емитување на сопствени пораки преку звучниците и со испраќање на балони со летоци кои содржат антијужнокорејска пропаганда.
Ново на Сител
-
Пукање на Бит Пазар - Скопјанец повреден од својот сосед поради недоразбирање во сообраќајот
-
11-годишно девојче прегазено во Скопје
-
Матарела: Употребата на нуклеарно оружје е злосторство против човештвото
-
Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
-
Возач од Швајцарија приведен во Тетово, возел скоро двојно побрзо од дозволеното
-
Иран погуби човек осуден за шпионажа во корист на Израел
-
Двајца убиени, 10 повредени во руски напади во Запорожје
-
Илиевски: Функционираме како тим, очекувам да бидеме подобри во нападот