Питбули нападнале жител на струшко Мислешево

Триесет и четири годишен жител на струшкото село Мислешево бил нападнат од две кучиња од расата „Питбул“, сопственост на жител од истото село.
СВР Охрид соопшти дека полициската станица од Струга поднела барање за поведување прекршочна постапка против В.Ч.(37) од Мислешево, поради постоење основи на сомнение дека без заштитни маски и надзор невнимателно држел кучиња и други опасни животни кои можат друг да престрашат, нападнат или да повредат.
- На 20 март годинава, две кучиња од расата „Питбул“, сопственост на пријавениот, го нападнале и сериозно го повредиле А.Ф. (34) од селото Мислешево. Настанот се случил во 17 часот и 30 минути на улицата „Едвард Кардељ“ во селото. Кучињата „Питбул“ биле без заштитна маска, а нивниот сопственик В.Ч. ги чувал крајно невнимателно, без заштитна маска и без неопходен надзор, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Тој појасни дека А.Ф. движејќи се по улицата, одеднаш бил нападнат од двете кучиња кои со видлива агресивност се нафрлиле врз него. Кучињата го каснале во пределот на стомакот и му нанеле сериозни повреди по телото. Повредениот и исплашен А.Ф. веднаш бил префрлен во Општата болница во Струга.
Ново на Сител
-

Burnout - Тивко Согорување | Розалија Секулоска | Sitel Podcast
-

Иран соопшти дека се нападнати две нуклеарни постројки
-

Хакерски упад во електронската пошта на директорот на ФБИ
-

Обилните дождови предизвикаа поплави во повеќе градови во ОАЕ
-

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари
-

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец
-

Мицкоски: Македонија е кредибилен сојузник во НАТО
-

Одбележан Денот на Генералштабот и шестгодишнината од членството во НАТО
