Писториус ги отфрла повиците за зголемена германска воена помош за Украина
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус ги отфрли повиците за поголема германска воена помош за Украина. „Не можеме да одиме „на се’“, како што бараат некои.
Во спротивно, самите би биле беспомошни“, изјави Писториус за Тагешпигел.
Тој додаде дека Германија досега испорачала се што е можно и дека Германија веќе и дава на Украина најмногу од сите земји на ЕУ, а сега останува на другите европски партнери да направат повеќе.
„На сите мора да им биде јасно: ако Путин победи во оваа војна и ја окупира Украина, опасноста за зоната на НАТО, се разбира, ќе се зголеми“, предупреди Писториус.
Според неговото мислење, мора да се земе предвид дека еден ден Русија дури и ќе нападне земја на НАТО.
Писториус во моментов не смета дека е веројатен руски напад, но наведува дека германските експерти проценуваат дека во период од пет до осум години тоа би било можно.
Тој посочува дека поради ова Бундесверот мора да стане „подготвен за војна“, дека мора да се преземат мерки на претпазливост и да се зголеми одбранбената способност.
Ново на Сител
-
Одлуките за замрзнати цени и маржи стигнаа до Службен весник
-
Николоски: Нема да одиме против УНЕСКО за автопатот
-
Иницијативата на ЗЕЛС за општокорисна работа помина на Влада: Кои се следните чекори на работната група?
-
Уставните судии неодлучни – дали зголемениот праг за независните листи се уставни?
-
700 „фантоми“ се уште се невидливи за државата: 13-годишно девојче конечно доби извод
-
Преглед на вестите од светот
-
Николоски најавува влез на нови странски инвестиции
-
35 апликации од општините за финансирање проекти од државниот буџет