Писонеро: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан е еден од приоритетите на ЕК
Посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на земјите од Западен Балкан е јасен показател за големата важност што ЕУ му го придава на процесот на проширување, изјави денеска портпаролката на ЕК за соседска политика и проширување Ана Писонеро.
- Проширувањето, пред се со државите од Западниот Балкан, е еден од главните приоритети на Европската комисија од почетокот на нејзиниот мандат, истакна Писонеро.
Таа, како што јави дописникот на МИА од Брисел, нагласи дека во контекст на проширувањето е и новиот План за раст на Западен Балкан на Европската комисија, за кој Фон дер Лајен говореше при нејзините посети на земјите од регионот изминативе два дена.
- Планот во основа треба да го забрза нивното економско поврзување со Европската Унија и да ги донесе поблиску до единствениот европски пазар, со што тие ќе имаат придобивки уште пред зачленувањето, додаде Писонеро.
Таа истакна и дека Европската комисија работи на извештаите за напредокот на земјите кандидати за членство во ЕУ, додавајќи дека тие се ставени за разгледување на дневниот ред на заседанието на Колеџот на комесари на 8 ноември, па ќе бидат објавени по нивното усвојување.
Во однос на дијалогот меѓу Србија и Косово, Писонеро само кусо одговори дека Европската Унија целосно ги поддржува напорите што ги преземаат високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел и специјален претставник на Унијата за дијалогот Белград-Приштина и други регионални прашања од Западниот Балкан, Мирослав Лајчак.
Ново на Сител
-
Црвен Крст: Апел за помош за настраданото население од поплавите во Босна и Херцеговина
-
Скопје: Со возило полно мигранти бегал од полиција, па удрил во бетонски столб
-
Посебен режим на сообраќај во понеделник во Скопје
-
Трагедија во Гостивар - Почина 6-годишно дете, откако му се слошило на тренинг
-
Мицкоски: Целосно се реконструира граничниот премин Деве Баир, дел од Коридорот 8
-
Царинската управа запленила 36 килограми марихуана и голема количина лекови
-
Едно лица загина во сообраќајна несреќа на патот Струмица-Валандово, кај село Костурино
-
Мицкоски: Унгарскиот претседател Орбан понудата ја даде во име на претседателствувањето со ЕУ