-->
-->
Писонеро: Новата ЕК сака што повеќе да го доближи Западен Балкан до ЕУ
-->

Порпаролката на комесарот за проширување Ана Писонеро вели дека цел на новата Европска комисија е во својот мандат што повеќе Западен Балкан до го доближи до ЕУ.
-Дебатата за реформата на политиката на проширување веќе се води меѓу земјите членки, а ЕК ќе ги изнесе своите идеи кога ќе биде повикана за тоа, рече Писонеро.
Таа додаде дека земјите членки се уште официјално не побарале од Европската комисија да изработи свој предлог за методологијата на процесот на пристапување.
-Го добивме францускиот предлог. Тоа е придонес кон дебатата која трае меѓу земјите членки, наведе Писонеро.
Таа кажа дека Комисијата е отворена да разговара за реформата на проширувањето, но дека нејзин моменателен приоритет е отворањето на пристапните преговори со Македонија и со Албанија.
-Двете земји тоа го заслужија, наведе Писонеро, која на позицијата портпаролка на комисијата за проширување ја замени Маја Коцијанчиќ.
Таа, исто така, кажа и дека ЕК и нејзината претседателка Урсула фон дер Лајен, се децидни во ставот дека Западен Балкан има јасна ЕУ перспектива.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Коце Трајановски, директор на државни патишта
-
САД ги нападнаа трите клучни нуклеарни објекти на Иран
-
И покрај силната дипломатска активност на Софија Мицкоски е убеден дека извештајот на Вајц ќе добие поддршка
-
СДСМ: „Македонија понижена“ – една година влада на ВМРО-ДПМНЕ
-
Вработените ќе паркираат на „Лимак“ за да се ослободат повеќе паркинг места на клинички
-
Недостигаат анестезиолози и медицински сестри
-
Пуштен во употреба реконструираниот пат Понов мост - Богданци од 4,8 км
-
Во детското одмаралиште „Малешево“ две децении нема деца