-->
-->
Писмо од мајка на аутистично дете до соседот кој ги матретира!
-->
Мајката на дете со аутизам, Дуња Тадиќ од Загреб му напишала писмо на безмилосниот сосед кој на неа и синот Игор неколку пати им повикал полиција. Го објавила јавно на својот Фејсбук профил. Писмото ги допрело многу луѓе во Хрватска и пошироко, некои и плачеле колку ги погодило тоа што детето преживува, колку страда, а соседот додатно им го загорчува животот. Нејзиниот статус е споделен близу 2000 пати.
Еве што напишала на Фејсбук:
Комшија пукаш во цивил!
Добар ден комшија под нас што живееш. Како си ти денес?
Ние сме добро, фала на прашањето кое никогаш го немаш поставено.
Јас барем мислам дека сме добро знаеш зошто? Затоа што ако Игор не е добро тој тоа не знае да го каже. Не знае ниту да го покаже.
Зашто, замисли, ти тоа сигурно не го знаеш, аутизмот не знае да зборува.
Замисли, еднаш не спиеше три ноќи. Плачеше, се вртеше во креветот, можеби дури и „завијаше“ како што го кажуваш ти, се фрлаше на подот.
Знаеш кога, драг комшија, и мене ме вознемири.
Мислев дека е безобразен, размазен, свиреп. Знаеш кога едвај се воздржав да не го удрам барем малку по задникот.
Третото утро се разбуди со отечена десна страна. Него, драг мој комшија, три ноќи го болело заб. Лудо.
А јас не сум знаела. Зашто не знае да каже, ниту покаже.
А ти на нас, можеби, токму тогаш ни повика полиција.
Полицијата не може да му го извади забот, фала ти ако си мислел да ни помогнеш. А не може ниту Брза помош. зашто, комшија, за да се извади заб на аутистично дете треба општа анестезија.
А за тоа се чека на ред. Шест месеци. Замисли твојот син да го боли 6 месеци заб? Не можеш ниту да замислиш, знам.
Не можеш ниту да замислиш и операција на нозете и гипсови на двете нозе истовремено 2 месеци. Па чешање под гипсот, па боли, па не може да се намести, не можеш да спиеш. Два месеци. А не знаеш ни збор дека те чеша.
Ние не мора да го замислуваме, ние тоа го поминавме. Два долги месеци, ноќи и денови - вкупно 60 дена. Малку плачевме, малку „завиваме“, како што го кажуваш ти, а многу и се смеевме.
Зашто ние сме такви. Се смееме и кога нас ни е тешко. Заедно. Вааааааууууу, ваааааууууу!
Можеби од тие наши ноќи, вкупно 60, си ни пратил полиција на врата.
Поради галамата.
Галамата која не е музика, иако често ја слушаме, но тивко, зашто така сакаме.
Галамата која не е лупање на шницли, зашто, од кај да знам... Игор некако сака готвено.
Поради галамата која не е поради заиграноста на две здрави деца кои ете, играат кошарка по станот.
Или која ете, само се бркаат зашто за заиграни. И зашто се деца.
Ти повикуваш полиција поради галама која се вика аутизам. Тоа „завивање“, како што го нарекуваш ти со презир на лицето, е начин на кој Игор покажува дека нешто не му се допаѓа.
Например Ти, кој доаѓаш во нашиот дом да ни кажеш да го обложиме целиот стан со некоја изолација зашто твојот син се плаши од „завивањето“ кое ти не знаеш да му го објасниш.
Се шегувам дека не му се допаѓаш на Игор. На него сите му се допаѓаат. Тој на тебе, комшија драг, и денес да те сретне, ќе ти пружи рака, ќе ти прати бакнеж. Тој е таков.
Има душа која ретко ја имаат. Има некое големо срце, па ти такво срце сеуште немаш видено 100% и знаеш, тој едно среќно дете.
И тој е заигран на тој „аутистичен“ начин, па ете некогаш малку протрчува низ станот, некогаш нешто ќе му испадне од рацете зашто, уште тоа не сум ти го кажала, има малку и тремор.
Mалку некогаш му се тресат рацете. Но тоа е од лековите. Не е од аутизмот. Од лековите за епилепсија, ако те интересира.
И тоа по некогаш, кога кога ќе протрча, јас секој пат му велам, ама секој пат драг комшија - „ немој љубов, убаво оди, не удирај со нозете“.
Затоа што, драг комшија, не смe дивљаци ниту сме неодговорни иако имаме аутизам нема тоа врска едно со друго.
A богами, живеевме 10 години во станот, и никој од соседите не ни заѕвони поради галама. Да не кажам дека никој никогаш не повикал полиција.
Еве сега ти прв пат. И втор пат. Ќе биде и трети, се знаеме веќе. Би ти се обратила лично ама верувај не можам.
Не можам зашто не сум сретнала, еве за овие 18 години колку што има Игор, личност која со таков презир го гледла мојот син. Знаеш кога не можам да те погледнам.
Не можам да ти се обратам. Мислам, она, извини, но ми се гади од тебе.
Сакав само да ти кажам, генерале, пардон, комшија, пукаш во цивил. Пукаш на ангел со скршени крилја. Ние ќе продолжиме со својот живот како и до сега. Ќе ја има и ќе ја слушаш таа „галама“, Рака на срце, кога цела галама се собере во едно низ целиот ден од овој стан е 20 минути.
Знаеш зошто? Затоа што Игор на тоа има право. Не само правото кое му го дава аутизмот, туку и правото на секој човек да се изрази, да покаже емоција на начин кој го знае и умее.
А ти повикувај секој ден полиција. Момците се целосно „cool“. Два пати не разбудија зашто дошле час и половина откако од нашиот стан се слушнала последната „галама“.
А знаеш што направи Игор? Онака збунет, сладок како мед, сонлив од кревет, дојде до вратата и им прати бакнеж и насмевка. Ти велам, таква душа и такво срце во животот не си видел!
А сега - повикај полиција комшија.
Мајката на Игор
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ обвинува за политички договор меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ за бегството на Груби
-
Вања и Панче биле убиени свирепо со ист калибар на оружје
-
Сложени ТАВИ процедури во Систина
-
Идната година уверение за државјанство ќе се вади електронски – редизајниран порталот uslugi.gov.mk
-
Надлежните во обиколка на маркети – дали се почитува Новогодишната кошница?
-
Оштетена македонската амбасада во Киев при руски ракетен напад
-
Едно седумгодишно дете убиено и три повредени во напад со нож во училиште во Загреб
-
Скопје од вечерва без вода - Колку часа ќе трае санацијата на дефектот