Писмено ветување на Холбрук дека САД нема да го признаат Косово продадено за милион долари
Лист хартија на кој во октомври 1998 година американскиот специјален пратеник Ричард Холбрук му потпишал ветување на тогашниот претседател на СР Југославија, Слободан Милошевиќ дека Вашингтон нема да ја признае независноста на Косово, им бил продаден на САД за еден милион долари.
Како што објави „Српски Телеграф“, досега овој документ важеше за „исчезнат“ и се сметаше дека е загубен или уништен за време на нападите на НАТО врз СРЈ во 1999 година.
Меѓутоа, според весникот, на барање на американската Амбасада во Белград, „признаницата“ во 2000 година им била продадена на САД за сума од еден милион долари од страна на еден од лидерите на коалицијата Демокоратска опозиција на Србија (ДОС), која во тоа време беше на власт во Белград
- Еден од лидерите на ДОС се согласил да го земе документот од архивата. Тој за тоа добил еден милион долари, тврди за „Српски Телеграф“ извор близок на тогашните власти.
Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека докуменетот се наоѓал во аркивата во Кабинетот на Милошевиќ.
- Сите соработници на Слободан Милошевиќ тврдат, а неговата секретарка се колне, дека тој ја повикал и и го дал документот што Холбрук, кој во тоа време беше главен преговарач меѓу Западот и Србија и американски пратеник, го потишал пред него дека САД никогаш нема да ја признаат независноста на Косово. Кога ги уапсија Слобо, тој долумент исчезна, тврди Дачиќ.
Според „Српски Телеграф“, САД по секоја цена инсистирале да дојдат до овој документ, со цел да нема писмени докази со кои Србија би можела да го спречи признавањето на независноста на Косово.
Ново на Сител
-
Кршел по дома и фрлал предмети кон полицајци, приведен жител на Драчево
-
Ќерка го истепала својот татко
-
Пожар во стан во Аеродром, едно лице повредено
-
Жената лидер – жената бизнисмен | Ирена Јакимова | Личен развој | Sitel Podcast 064
-
Во Словенија деактивирана бомба од 104 килограми од Втората светска војна
-
По сообраќајката нормализиран сообраќајот на патниот правец Кичево - Гостивар
-
Суспензии и парични казни за Работнички и МЗТ Скопје Аеродром
-
Застапувал странки иако адвокатската функција му била во мирување, кривична за охриѓанец