Пиштол и муниција пронајдени во домот на скопјанец
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело- Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, соопшти денеска Јавното обвинителство.
Врз основа на судска наредба обезбедена од јавниот обвинител, полициски службеници вчера извршија претрес во домот на осомничениот 23-годишник во Скопје. При претресот беше пронајден еден полуавтоматски пиштол и вкупно 51 куршум со калибар 9ммPara, како и рамки и други додатоци за оружјето кое го поседувал без дозвола.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје утрово достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постои опасност да се даде во бегство или да го повтори делото доколку се брани од слобода.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Трајковски, Асоцијација на специјализанти и млади лекари
-
Грета Тунберг на протест за Дошница
-
Преглед на вестите од светот
-
Цела недела топлотен бран – од утре мало разладување
-
Спречен обид за подметнување пожар на Водно, гори на шест локации во Македонија
-
62 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
-
Иницијативата за протоколот со Бугарија пред уставните судии по летните одмори
-
Османи: Автономијата во одлучувањето е духот на Охридскиот договор