Пирова победа за Курти на северот на Косово
Брисел бара долгорочно политичко решение, но теренот покажа дека без гласот на Србите и нивното враќање во институциите тоа не е можно. По српскиот бојкот на изборите во Сееврно Косово, ЕУ се заложи за итно формирање на Заедницата на српските општини.
- Унијата жали што не сите партии и заедници го искористија своето демократско право да учествуваат и да гласаат на изборите. Многу слабиот одѕив, особено кај косовските Срби, покажува дека овој процес не е и не може да се смета за вообичаен, се наведува во писмената реакција на Брисел.
За српскиот претседател ваквите констатации на Унијата се депласирани бидејќи Србите во големо мнозинство покажаа дека не сакаат дијалог со Курти. Вучиќ на Брисел му порача да не го игнорира политичкиот бунт на Србите на Косово. Според него изборите покажаа дека Курти е поразен, а Србите обединети. Западните посредници ги обвини дека наметнуваат решенија во корист на Приштина притоа служејќи се со манипулација.
Во четирите српски општиони на Косово излегоа околу 3 проценти од гласачите, поради што за градоначалници се избрани Албанци. Косовскиот премиер Курти ваквиот исход го оправда со наводните уцени и притисоци на Белград врз српската зедница. САД пак изразија жалење бидејќи изборите не резултираа со вистински претставници на заедниците, но претходно јасно дадоа до знење дека ќе го признаат неивниот легитимитет без оглед на резултатот.
-
Сања Сеизова Мрмова
Сите содржини од овој новинар
