Пипен: Освоив шест титули, поуспешен сум од Леброн

Легендата на Чикаго Булс и повеќекратен освојувач на НБА шампионатот, Скоти Пипен, се спореди себеси со Леброн Џејмс. Поранешниот кошаркар истакна дека имал подобра кариера од Џејмс, во однос на тимскиот успех.
Пипен беше прашан дали е најдобриот „сестран“ играч во историјата на НБА. Тој одговори дека е така, ако се гледа од тимска перспектива.
- Моите успеси со тимот се поголеми од оние на Леброн. Имам шест титули, изјави Пипен.
После тоа, поранешниот кошаркар беше прашан дали мисли дека сопствениците на франшизата во НБА ќе го изберат него наместо Леброн. Легендата на Булс истакна дека Џејмс „брка титули“ и се запраша дали индивидуалните награди се поважни од титулите.
- Дали сакате индивидуални награди или титули, бидејќи знам дека не ги бркав моите, рече Пипен.
И покрај коментарите на Пипен, Леброн и понатаму е еден од најдобрите играчи во лигата. Иако неодамна наполни 40 години, во 37 одиграни натпревари има просек од 23,8 поени, 7,4 скока и 8,9 асистенции.
Лејкерси, исто така, ја заземаат шестата позиција во западната конференција.
Ново на Сител
-

Драган Ковачки нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

Тошковски за Сител: Централниот комитет ќе донесе одлуки во интерес на државата
-

Наскоро „Безбеден Град“ во Охрид и Струга
-

Мицкоски ги укинува партиските потпретседатели, Извршниот комитет ќе е поголем
-

Тема на денот со Трпе Дејановски, претседател на УПОЗ
-

Од Букурешт до Кочани - две трагедии, една иста болна лекција
-

Возење без дозволи под лупа
-

Околу 40 тони марихуана се запленети во Скопје и Струмица
