Пинк напиша песна за Селин Дион

Со цел да се справи со големата тага која ја обзде по губењето на сопругот Рене Анжелил, Селин Дион се посвети на работа. После песната „Encore Un Soir“ посветена на сопругот, на ред е и песната која на пејачката ѕвезда ќе и помогне „да продолжи понатаму“.
Колешката Пинк одговори на повикот и настана „Recovering“.
- Кога ја видов на доделувањето на Билбордовите музички награди и реков дека ми е потребна песна која би ми била средство да продолжам понатаму, како куфер со кој одите напред, објасни Селин Дион неодамна во изјавата за Entertainment Tonight.
Сега тоа е резултат на соработката на две пејачки пред публика, јасно е дека Селин се бори со силните емоции додека за интимната атмосфера на песната дополнително придонесуваат звуците на пијаното.
Признавајќи дека снимањето на песната и помогнала по смртта на Рене, пејачката нагласи дека Пинк не престанува да ја воодушевува: „Таа е феноменална. Ја обожувам поради нејзиниот талент, сила, неверојатен фокус“.
Ново на Сител
-

УЈП: Повратот на средства од МојДДВ за третиот квартал не е прекинат, ниту откажан
-

За 12 часа регистрирани над 65.000 сообраќајни прекршоци
-

Лишено од слобода лицето што му се заканувало на кавадаречкиот градоначалник
-

Милевски повеќе не е селектор на македонската репрезентација
-

Нормализиран сообраќајот на ГП Дојран
-

За еден денар поевтинуваат дизел горивата
-

Во третиот квартал годинава 10.033 слободни работни места
-

Возач на Бит Пазар нападнал 14-годишно момче, па ја одвел неговата 16-годишна сестра во непознат правец
