Пинг понгот се попопуларен меѓу младите
Викендот што измина, на 27 Октомври во Прилеп и 28 Октомври во Крива Паланка се одржаа натпреварувања за младинските и пионерските категории.
Државното Првенството во екипна конкуренција за јуниори организирано од Пингпонгарската Федерација на Македонија и Пинг-понг клуб „Младост 96“ од Прилеп , се одржа во спортската сала при СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп.
На првенството зедоа учество 10 машки и 5 женски екипи
ППК „СТРУМИЦА“-Струмица ,ППК „ВИН СПИН“-Виница,ППК „КРУШЕВО“-Крушево, ППК Шампиони Ф.А-Штип,ППК “Градба Промет-Кавадарци ППК “Рисови”-Скопје,ППК “Астраион”-Струмица,ППК “Работнички”-Скопје,ППК “Крива Паланка” и домакинот ППК “Младост96”-Прилеп.
КОНЕЧЕН ПЛАСМАН
МЛАДИНЦИ:
1 место: ППК “ШАМПИОНИ Ф.А”-Штип
2 место: ППК КРУШЕВО-Крушево
3 место: ППК „ВИН СПИН“- Виница
4 место: ППК “СТРУМИЦА”-Струмица
5.место: ППК Крива Паланка
6.место: ППК Младост96-Прилеп
7.место:ППК Работнички-Скопје
8 место:ППК Астраион-Струмица
9.место: ППК Кавадарци
10 место ППК Младост96-Прилеп2 екипа
МЛАДИНКИ :
1 место: ППК„РИСОВИ“-Скопје
2 место: ППК„КРУШЕВО“-Крушево
3 место: ППК “Крива Паланка”
4 место ППК “Астраион”-Струмица
5 место: ППК„Младост96“-Прилеп
Првиот Телеком турнир за пинери се одржа во Крива Паланка. На турнирот учествуваа играчи од 12 клуба и тоа 54 играчи од кои 34 машки и 20 женски
Резултати
Машки
1. Теодор Волкановски ППК Крушево
2. Даниел Главовски ППК Пелистер
3. Александар Јакимовски ППК Крива Паланка
4. Даниел Атанасов ППК Винспин
Женски
1. Васе Богоевска ППК Крушево
2. Ана Стојановска ППК Крива Паланка
3. Сара Стојановска ППК Крива Паланка
4. Деспина Ристовска ППК Крива Паланка
Најуспешна екипа во изминатиот викед е екипата на ППК Крушево чии што играчи беа второпласирани во екипна конкуренција за јуниори, додека на Телеком Мастерс Турнирот за пионери во поединечна конкуренција ги освоија златните медали.
Ново на Сител
-
Голем пожар во Карпош, зафатени повеќе куќи
-
11-годишно дете се бори за живот по тешка сообраќајка на патот Прилеп–Градско
-
ЦУК: Активни осум пожари, 12 изгаснати, еден ставен под контрола
-
На „Табановце“ и „Богородица“ се чека околу еден час
-
Сиљановска-Давкова: „Галичка свадба“ ја отсликува македонската народна традиција и култура
-
Мицкоски: Автопатот кон Охрид со години беше симбол на застој- сега ќе биде симбол на успех и одговорна работа
-
Убиецот ги поканил роднините на гости, инсистирал да присуствува и детето - Расчистено е тројното убиство
-
Мицкоски присуствуваше на епископската хиротонија на архимандритот Георгиј