-->
-->
Пинг понг: Во Скопје стартуваше Балканското првенство за јуниори и кадети
-->
Во СЦ Форца во Скопје во 9 часот свечено беше отворено Балканското првенство во пинг понг за јуниор и кадети. Првенството за отворено го прогласи Градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов.
Дванаест држави со над 120 натпреварувачи во сите категории во наредните пет дена ќе се борат за епитетот балкански првак во екипна и поединечна конкуренција, на најмасовното Балканско првенство одржано до сега. Денес и утре на програмата се натпреварите во екипна конкуренција. Натпреварите во поединечна конкуренција започнуваат во петок. Првенството завршува во недела на 16 Јуни со церемонијата на свеченото доделување на одличјата на нојдобрите во поединечна конкуренција. Влезот во СЦ Форца за сите љубители на пинг понгот е слободен.

-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Иван Ивановски, Support Kocani
-
Невреме со град во Скопје и низ Македонија
-
ЗНАМ го потврди Максим Димитриевски за кандидат за Куманово
-
Ангела и Андреј се враќаат од Белград
-
Политичките партии со обвинувања: Што е испуштено во истрагата, што е преземено по трагедијата во Кочани?
-
Дали има лекарска негрижа во случајот со починатото 3–годишно дете од Кавадарци?
-
Муслиманите го слават Курбан Бајрам
-
Голем број Mакедонци продолжениот викенд ќе го поминат надвор од државата