Пилотот на Боингот 747 преплашен - Вакво нешто никогаш не сум видел

Пилотот и кокпилотот кој управуваа со патничкиот „боинг 747“ на летот од Хонг Конг кон Енкориџу на Аљаска, од кокпитот снимија неверојатна слика.
Станува збор за мистериозно портокалова и црвена светлост која блесна од површината на Тихиот океан, јужно од рускиот полуостров Камачатка.
Обајснувањето за оваа крајна вчудовидувачка појава засега нема, но низ низата на теории на завери, најчесто се споменува можноста за ерупција на големиот подморски вулкан. Холандскиот пилот ЈПЦ ван Хајст вели дека на сликата наишле по некои пет часа по полетувањето, пола пат до Енкориџ и воочиле нешто во налик на молња, а 20 минути подоцна се започнало да свети нешто црвено и портокалово.
Времето за летот било идеално, никава бура, без премногу облаци, па молњата не можеше да биде последица на бура. ЈПЦ остана немалку шокиран затоа што самиот на себеси не можел да ја објасни што се појавило доле. „Беше тоа една од најезивите работи кои ги имав видено во својата кариера“, изјави тој.
Како што се приближувавме до светлоста, така почна да се осветлуваат облаците и целото небесно поле над нас. Под нас беше нешто застрашувачко портокалово, иако станува збор за подрачје каде не би требало да има ништо друго освен вода“, додал Холанѓанинот, напоменувајќи дека потоа заклучил дека единствено логично објаснување е вулканска ерупција.
„Се пријавивме на контролата на летото и покрената е истрага. Се надевам само дека, ако таму случајно се појавило нов остров, дека ќе го наречат по мене, затоа што јас сепак го открив“, се нашали пилотот.
Ново на Сител
-

Нетанјаху: За непријателите на Израел нема имунитет
-

СВР Струмица со повеќе активности го одбележа 7 Мај – Денот на македонската полиција
-

Шеснаесет возачи возеле без дозвола, кај еден од возачите пронајдена марихуана, а возач од Тетово возел со 1,46 промили алкохол
-

Дваесетгодишна државјанка на Турција е пронајдена почината во стан, потврдија од СВР Штип
-

Андоновски: Дигитализацијата е алатка за поконкурентна економија
-

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители
-

Научник за само еден месец изел 720 јајца
-

Мицкоски: Наскоро ново проширување на лекови од позитивната листа
