Пилот во Германија спроведе необична кампања за вакцинација
Германскиот пилот, Сами Крамер, со својот авион се вивна на небото над јужна Германија и таму „нацрта“ огромен шприц, сакајќи да ги потсети луѓето на почетокот на кампањата за вакцинација против Ковид-19 во Европа.
20-годишниот пилот најпрво на ГПС уред ја одреди рутата, пред да полета со мал авион.
Летајќи на надморска височина од 5.000 метри, тој исцртал замислена рута во форма на 70 километри долг шприц, што може да се види на популарната веб-страница flightradar24.
„Можеби мојот чин денес е мал знак на радост затоа што авионската индустрија е прилично погодена од оваа пандемија“, рече младиот пилот.
„Сè уште има релативно многу кои се противат на вакцинацијата и моето дејствие може да ги охрабри да размислат подобро за нејзината важност и да преземат мерки“, изјави Крамер за ТВ Ројтерс.
Неговиот лет траеше нешто повеќе од еден час.
Кампањата за вакцинација против Ковид-19 официјално денеска започна во Германија.
Ново на Сител
-
Владина делегација положи цвеќе во чест на бранителите по повод 22 години од настаните кај тетовско Кале
-
САД: Нема индикации дека Русија ќе го користи нуклеарното оружје распоредено во Белорусија
-
Милошоски: Наместо да ја рекламира Македонија надвор од светот, МНР го рекламира министерот во Македонија
-
Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ преку локалната власт удира по џебот на граѓаните
-
Вучиќ: Во јуни следуваат големи промени поради Украина, Американците создаваат блок во Европа
-
Кичево: Со „опел“ прво удрил во паркирано возило а потоа и во пешак
-
Тешко повреден пешак откако скопјанец со „голф“ удрил во него
-
На ГП „Табановце“ уапсен Албанец - пробал да влезе во државава со туѓа патна исправа