Пилот во Германија спроведе необична кампања за вакцинација
Германскиот пилот, Сами Крамер, со својот авион се вивна на небото над јужна Германија и таму „нацрта“ огромен шприц, сакајќи да ги потсети луѓето на почетокот на кампањата за вакцинација против Ковид-19 во Европа.
20-годишниот пилот најпрво на ГПС уред ја одреди рутата, пред да полета со мал авион.
Летајќи на надморска височина од 5.000 метри, тој исцртал замислена рута во форма на 70 километри долг шприц, што може да се види на популарната веб-страница flightradar24.
„Можеби мојот чин денес е мал знак на радост затоа што авионската индустрија е прилично погодена од оваа пандемија“, рече младиот пилот.
„Сè уште има релативно многу кои се противат на вакцинацијата и моето дејствие може да ги охрабри да размислат подобро за нејзината важност и да преземат мерки“, изјави Крамер за ТВ Ројтерс.
Неговиот лет траеше нешто повеќе од еден час.
Кампањата за вакцинација против Ковид-19 официјално денеска започна во Германија.
Ново на Сител
-
Сончево и многу топло со мала до умерена облачност
-
МВР: Лишени од слобода шест возачи за возење под дејство на алкохол
-
Руската ПВО соборила 120 украински дронови
-
За осум часа 155 сообраќајни прекршоци во Скопје, 51 санкција за возачи на мотоцикл
-
Најниско задоволство од цените во мобилната телефонија, една третина не ги читаат договорите
-
Далај Лама го прославува 90. роденден
-
Зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце“ за влез во државата се чека околу половина час
-
Мицкоски: Многу сме поподготвени за справување со пожари од порано, ставени се во употреба 38 возила