Пилот во Германија спроведе необична кампања за вакцинација
Германскиот пилот, Сами Крамер, со својот авион се вивна на небото над јужна Германија и таму „нацрта“ огромен шприц, сакајќи да ги потсети луѓето на почетокот на кампањата за вакцинација против Ковид-19 во Европа.
20-годишниот пилот најпрво на ГПС уред ја одреди рутата, пред да полета со мал авион.
Летајќи на надморска височина од 5.000 метри, тој исцртал замислена рута во форма на 70 километри долг шприц, што може да се види на популарната веб-страница flightradar24.
„Можеби мојот чин денес е мал знак на радост затоа што авионската индустрија е прилично погодена од оваа пандемија“, рече младиот пилот.
„Сè уште има релативно многу кои се противат на вакцинацијата и моето дејствие може да ги охрабри да размислат подобро за нејзината важност и да преземат мерки“, изјави Крамер за ТВ Ројтерс.
Неговиот лет траеше нешто повеќе од еден час.
Кампањата за вакцинација против Ковид-19 официјално денеска започна во Германија.
Ново на Сител
-
Сахарски песок го зафати регионот: Загадени повеќе македонски градови
-
Петмина загинати, десетици повредени во шумски пожари во југоисточна Турција
-
Пентагон: Употребата на оружје на Украина од САД не е ограничена само на Харков
-
Предупредувачки истрели од јужнокорејски војници кон севернокорејските војници кои ја преминале границата
-
Путин: Русија не ја исклучува можноста да испорача оружје на други земји
-
Маестро Шукри ги израдува децата со дијабетес
-
Експерти на ОН ги повикаа производителите на оружје да не го снабдуваат Израел
-
Нормализиран сообраќајот на патот Берово - Струмица