Пилот во Германија спроведе необична кампања за вакцинација
Германскиот пилот, Сами Крамер, со својот авион се вивна на небото над јужна Германија и таму „нацрта“ огромен шприц, сакајќи да ги потсети луѓето на почетокот на кампањата за вакцинација против Ковид-19 во Европа.
20-годишниот пилот најпрво на ГПС уред ја одреди рутата, пред да полета со мал авион.
Летајќи на надморска височина од 5.000 метри, тој исцртал замислена рута во форма на 70 километри долг шприц, што може да се види на популарната веб-страница flightradar24.
„Можеби мојот чин денес е мал знак на радост затоа што авионската индустрија е прилично погодена од оваа пандемија“, рече младиот пилот.
„Сè уште има релативно многу кои се противат на вакцинацијата и моето дејствие може да ги охрабри да размислат подобро за нејзината важност и да преземат мерки“, изјави Крамер за ТВ Ројтерс.
Неговиот лет траеше нешто повеќе од еден час.
Кампањата за вакцинација против Ковид-19 официјално денеска започна во Германија.
Ново на Сител
-
19 годишник прегазил малолетник од Битола, со тешки повреди пренесен во болница
-
Извлечен првиот добитник на JEEP Avenger во големата наградна игра на „Тинекс“
-
Путин: Прекин на огнот и мировни преговори веднаш откако Украина ги повлече војниците и прекине кандидатурата за НАТО
-
Пресуди против седум лица за спречување на контролор на летање во М-НАВ
-
Морталитетот лани намален за 10,1 отсто, повеќето од умрените се мажи, најмногу смртни случаи во јануари
-
СПМ: Запирањето на патот на Македонија кон Европа е заслуга на СДС и ДУИ односно на Заев и Османи
-
Милошоски, Митревски и Бендевска кандидати за потпретседатели на Собранието
-
Вицегувернерката Митреска на Годишното собрание на ЦЕФ: Инвестирањето во човечките ресурси е клучно за градењето силни институции