Пилот во Германија спроведе необична кампања за вакцинација
Германскиот пилот, Сами Крамер, со својот авион се вивна на небото над јужна Германија и таму „нацрта“ огромен шприц, сакајќи да ги потсети луѓето на почетокот на кампањата за вакцинација против Ковид-19 во Европа.
20-годишниот пилот најпрво на ГПС уред ја одреди рутата, пред да полета со мал авион.
Летајќи на надморска височина од 5.000 метри, тој исцртал замислена рута во форма на 70 километри долг шприц, што може да се види на популарната веб-страница flightradar24.
„Можеби мојот чин денес е мал знак на радост затоа што авионската индустрија е прилично погодена од оваа пандемија“, рече младиот пилот.
„Сè уште има релативно многу кои се противат на вакцинацијата и моето дејствие може да ги охрабри да размислат подобро за нејзината важност и да преземат мерки“, изјави Крамер за ТВ Ројтерс.
Неговиот лет траеше нешто повеќе од еден час.
Кампањата за вакцинација против Ковид-19 официјално денеска започна во Германија.
Ново на Сител
-
Церемонија на свечено менување на државното знаме во Кабинетот на Претседателот
-
Поскапуваат дизелот и екстра лесното масло
-
Бендевска и Митровски се заколнаа во РС Македонија, Милошоски бил болен, ќе се заколне друг пат
-
Мајка крвнички претепала наставничка во Белград
-
Хоспитализирани нови шест случаи со голема кашлица, вкупно 746 заболени во државава
-
Претрес во Охрид, пронајдена дрога
-
Намален прометот во индустријата
-
Тешка сообраќајна несреќа кај Кратово, две лица повредени