Пилот проект за паметни полициски возила за побезбеден сообраќај
Со нов систем на т.н. „Паметни полициски возила“ треба да се зајакне работата на Министерството за внатрешни работи (МВР) и правата на граѓаните пред полицајците, да се олесни нивната работа и да се влијае на намалување на корупцијата.
Системот е промовиран во Центарот за обука на МВР, на иницијатива на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСО), во соработка со ресорното Министерство и амбасадата на Република Словачка, соопшти денеска РСБСП.
На презентацијата присуствале дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Оливер Андонов, словачкиот амбасадор во Македонија Мартин Безак и претседателот на РСБСП Стојче Стаменковски.
Претставници од компанијата „Mosy – intelligent public safety“ пред припадниците на МВР практично презентирале две возила на словачката полиција со вградени софтвери за идентификација на возилата и идентификација на сообраќајните прекршоци. Софтверскиот систем, се вели во соопштението, овозможува директна конекција на полициското возило и полицискиот службеник со базата на податоци од Министерството за внатрешни работи и идентификација на возилата, возачите и сите останати податоци кои се поврзани со возилото и возачот.
Според соопштението, по презентацијата присутните изразиле подготвеност заеднички да реализираат пилот проект преку кој ќе бидат донирани две возила со вградени софтверски решенија кои ќе овозможат идентификација на возилата учесници во сообраќајот, препознавање на осигураните и регистрирани возила и одвојување на неосигураните и нерегистрирани возила, како и идентификација на сообраќајните прекршоци и нивните сторители.
- Целта на овој тримесечен пилот проект е всушност директно да бидат утврдени можностите за имплементација на напредни технологии во работата на полицијата во РМ и согледување на неговите позитивни и негативни страни и неговиот придонес во насока на намалување на криминалното и девијантно однесување на патиштата во Република Македонија, соопштуваат од МВР.
Укажуваат дека досега таков сличен проект е реализиран во неколку европски земји и оти сериозно влијаел на подобрување на ефикасноста на полициските службеници преку скратување на времето за полициски контроли, намалување на бројот на украдени возила, намалување на стапката на корупција и креирање база со сериозни и важни податоци.
Ново на Сител
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска