-->
-->
Пијан скопјанец ги претепал сопругата и синот, па потоа се повредил себеси
-->
Вчера попладнето во Единицата за известување и командување Скопје, Е.П. пријавила дека во нејзиниот дом во село Горњани нејзиниот сопруг З.П., откако се довел во алкохолизирана состојба, физички ја нападнал неа и нивниот син, а потоа ги бркал од дома.
Тој ја уништил покуќнината и патничко возило „Нисан“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на И.М. Притоа З.П. се здобил и со повреди по телото од тоа што паѓал по дворот.
Од екипа на Итна медицинска помош, тој бил пренесен во Ургентен центар Скопје.
Полицијата ги презема потребните мерки за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преполовен прометот на маркетите по вчерашниот бојкот
-
Земаат плата, а не одат на работа – Ревизорите со години детектираат вакви проблеми во институциите
-
СДСМ: Дали ќе го чекаме Косово на патот кон ЕУ?
-
Протести во Струмица поради загаден воздух
-
Бизнисот и унгарскиот кредит
-
Во Охрид засилено се гради
-
Преглед на вестите од светот
-
Во Македонија над 140 луѓе годишно гинат во сообраќајки: Кога ќе профункционира Сејф сити?