Пиеле, спиеле и давале погрешни информации - Нови казни за вработените во МВР

Во текот на минатата недела, по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 14 решенија против 14 вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите од член 206 став 1 точки 2, и 4, член 207 став 1 точка 1, 4, 8 и 15, и член 208 став 1 точки 3, 10 и 20 од Колективниот договор на МВР. Притоа, на 13 вработени изречена им е мерка – „парична казна”, и на еден вработен, мерка - “запирање на постапката“, а станува збор за:
Главен дежурен во ПС ОН Битола, СВР Битола, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за еден месец (пренел погрешна информација без да ја провери, при што биле пропуштени возила на патен правец за кој имало забрана);
Полицаец во ПС ОН Прилеп, СВР Битола, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (бил под дејство на алкохол);
Дежурен полицаец во ПС ОН Делчево, СВР Штип, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (гледал телевизија додека бил на работа);
Дежурен во ПС ОН Делчево, СВР Штип, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (го напуштил работното место);
Помошник дежурен во ПС ОН Делчево, СВР Штип, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (спиел додека бил на работа);
Полицаец во дежурна служба во ПС ОН Струмица, СВР Струмица, изречена и е мерка „запирање на постапката“(застареност);
Помошник дежурен во ПО-Ропотово, СВР-Битола, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (не извршил увид во папката за судски наредби и пропуштил да ги даде судските наредби на полициските службеници, и го напуштил работното место без да го извести непосредниот старешина);
Раководител на смена во ПС за ОДГ-Крива Паланка, РЦ за ГР-Север, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (Бил затекнат како спие во текот на работното време во канцеларија која ја заклучил);
Полицаец ПС од ОН Велес, СВР Велес, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за еден месец (погрешно составил службена белешка за обавен разговор со лице кое било починато);
Полицаец ПС од ОН Радовиш, СВР Струмица, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за еден месец (не презел дејствија за лишување лице од слобода);
Полицаец ПС од ОН Радовиш, СВР Струмица, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за еден месец (не презел дејствија за лишување лице од слобода);
Полицаец ПС од ОН Радовиш, СВР Струмица, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за еден месец (не презел дејствија за лишување лице од слобода);
Виш инспектор за општ криминалитет - Отсек за општ криминалитет, СВР Битола, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (пушел за време на работа во канцеларија);
Полицаец ПС од ОН Битола, СВР Битола, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (учествувал во тепачка во кафе бар);
Ново на Сител
-

Мицкоски: Во име на Владата имавме чест да организираме ифтарска вечера, момент на заедништво, почит и духовна поврзаност
-

Новиот Ирански врховен лидер, Моџтаба Хамнеи, вети одмазда за жртвите од војната
-

Три малолетни девојчиња нападнати од четири женски лица во Аеродром
-

Општина Струга не може да го продаде „аудито“ на Мерко од 67.000 евра поради стар долг
-

Малолетници нападнале 15-годишник во Скопје, еден од нив пукал со пиштол кон него
-

МНРиНТ: Досега реализирани четири летови за евакуација на граѓани од Блискиот Исток, превезени вкупно 458 патници
-

Семејството ја пријавило за исчезната, познат идентитетот на пронајдената жена во Вардар
-

15-годишен чирак со остар предмет го нападнал синот на газдата на берберница во Арачиново
