-->
-->
ПФЛ: Триумф на Пелистер, реми на Вардар
-->

Фудбалерите на Пелистер триумфираа во дуелот од првото коло од новиот шампионат на Македонија откако попладнево во „пелагониското дерби“ ја совладаа Победа со 2:0. Головите беа постигнати во вториот дел, а стрелци беа: Лукас во 76.минута и Антонио Бујчевски во 90+4 минута.
Поради казната од ланската сезона Вардар дуелот со Шкупи го играше како домаќин во Струмица и натпреварот заврши без победник 1:1. Вардар поведе преку Новак во 4.минута, а изедначи Адили во 19.минута.
Во Кочани, Брегалница и Ренова одиграа нерешено 1:1. Брегалница поведе во 50.минута преку Горан Здравков, а изедначи во 89.минута Висар Муслиу.
Шкендија и Силекс натпреварот ќе го одиграат утре со почеток во 17:30 часот, додека Македонија ЃП и Работнички ќе играат во среда.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
-

Гори Водно кај с. Чифлик, Сопиште
-

Цела Македонија во портокалова фаза
-

Повредениот скопјанец успешно транспортиран од Турција
-

Даниловски: Во скопски региони исполнети се условите за прогласување епидемија од западнонилска треска
