Петти ден амандманска расправа по Предлог буџетот за 2026 година

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја продолжи амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2026 година. Од доставените околу 200 амандмани, дел се разгледани на четирите расправи што се одржаа по завршувањето на општиот претрес.
-Буџетот за 2026 година е реален, развоен и секоја ставка е многу внимателно проектирана. Растот е проектиран на 3,8 проценти, а буџетскиот дефицит на 3,5 отсто од БДП, што е согласно определбата за фискална консолидација, изјави минатата недела министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.
Според неа, преку мерките за фискална консолидација и поголема контрола на расходната страна, како што е предвидено со Буџетот за 2026 година, и продолжување на позитивните резултати во делот на БДП ќе имаме и намалување на јавниот долг.
Како што појасни, во наредната година ќе се обезбедат на домашен и меѓународен пазар средства за да се вратат обврски кои се создадени од претходната Влада, вклучително и Еврообврзницата издадена во 2020 година и други заеми и оти ново задолжување ќе биде она што е потребно за финансирање на буџетскиот дефицит.
Очекува дека јавниот долг ќе се намали под 60 проценти од БДП порано од 2028 година, како што е предвидено со Стратегијата за управување со јавен долг.
Пленарната седница на која ќе се разгледува Предлог-буџетот за 2026 година, според најавите, е планирано да се одржи на 9 декември.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски на промоција на Ресурсен центар за поддршка на развојот на општините
-

Петти ден амандманска расправа по Предлог буџетот за 2026 година
-

Без струја село Јаболци и Горно Нерези
-

САД и Украина се договорија за изменет нацрт на мировниот план, Рубио оптимист
-

Министерката Јаневска ќе ја претстави стратегијата за образование 2026-2032
-

Почнува ноемвриската пленарна сесија на Европарламентот
-

Тројца убиени, 15 повредени во руски напади со дронови врз Харков
-

Сојузникот на Додик, Каран, победи на претседателските избори во Република Српска
