Петта жртва на несреќата: И Оливера кај ангелите покрај двегодишната ќерка, братот и родителите

Оливера Станојевиќ (21) која беше тешко повредена во страотната сообраќајка кај Лозница, кога и загинаа двегодишната ќерка, родителите и братот, почина во Ургентниот центар.
Во тешката сообраќајка која во неделата навечер се случи кај Бања Ковиљача загинаа ќерката на Оливера, Јелена (2), нејзините родителит Нада и Радивоје Ѓокановиќ и братот Петар.
Како што раскажаа очевидци на страотната несреќа, „голфот“ со кој управувал Радивој се движел од правец на Лозница кон Мали Зворник и поминал на спротивната лента што било кобно за целото семејство.
-„Голфот“ во еден момент нагло заврте и се удрил во камионот. Колку беше јак ударот говори фактот дека возилото, кое е целосно уништено, се одбило неколку метри од камионот. Делови од автомобилот летаа на сите страни, вели очевидец.
Додаде дека телата на настраданите и повредената жена се извлечени од страна на пожарникари кои го сечеле автомобилот.
Несреќното семејство од Сребреница престојувало минатиот викенд на свадба во Србија, а настрадало при враќање дома.
Ќерката Милица отишла во Чачак кај другарка, кога на интернет ја прочитала веста за страотната несреќа во која загинале четворица од семејство. Веднаш знаела дека во прашање е нејзиното семејство.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Ние сме подготвени за разговори, со гаранции од ЕУ
-

Отворен базен во близина на „Партизан Карпош“
-

Прв џез фестивал во Струмица
-

Седум и пол години затвор за жената која ги уби сопругот и свекорот во Кратово
-

Охрид ја прослави европската титула на ГРК Охрид
-

Муртезани за Сител: Со Кошта ќе се разговара за планот за раст и Реформската агенда
-

Фетаи поднесе оставка
-

Фетаи поднесе оставка

