Петровска: Законот за попис гарантира спроведување попис по сите меѓународни стандарди
Законот за попис на населението што го усвоивме овде во Собранието гарантира спроведување попис по сите меѓународни праски и стандарди.
19-та година државата е без целосни, прецизни и релевантни податоци за населението, домаќинствата, становите, без податоци што се потребни за градење на политики и стратегии.
Време е тоа да го исправиме.
Државниот завод за статистика, стручните лица во оваа институција имаат капацитет и подготвеност да спроведат успешен попис.
Успешно реализираниот попис ќе донесе прецизни, целосни податоци за демографската, социјалната, образовната, верска и национална структура на населението.
Со успешно реализиран попис точно ќе ги мапираме потребите на регионите и единиците на локалната самоуправа кои ќе добијат податливи информации важни за локалниот и регионалниот развој.
За да се спроведе оваа обемна статистичка операција потребна е ангажираност од секој поединец, од секоја политичка партија.
Затоа, апелираме до сите на одговорно однесување, да дадеме придонес во реализација на оваа операција важна за развојот на државата, по 19 години да имаме успешен попис кој ќе ни даде релевантни податоци но и насоки за тоа каде треба да се движиме во економијата, образованието, социјалната политика, детската заштита.
Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ
Ново на Сител
-
„Марш на ангелите“ во Кочани
-
Тема на денот со Конрад Блејер Симон, експерт за странско мешање и манипулирање со информации
-
Ескалираат тензиите на Блискиот Исток
-
Кризен штаб поради Блискиот Исток
-
Мицкоски не сака да ја коментира истрагата за Кочани - СДСМ ќе добие одговор на изборите
-
До средината на јули ќе се комплетира листата за кандидати за градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски: Има предлог термин за средба, да почекаме да се изјасни бугарската страна
-
Мицкоски: Во вториот квартал би требало да имаме извонредно висок раст на БДП