Петровска: Ниска доверба во институции е нешто аларматно за сите нас
Пад на довербата во една политичка партија е прашање на политичката партија, но пад на доверба или ниската доверба во определени институции, е, нешто што е поалармантно за сите нас.
Вака одговори министерката за одбрана Славјанка Петровска, прашана за коментар за резултатите од анкетата што ја објави вчера ИРИ. – Коментарите и на таа, но и на сите други анкети, јас ги давам во две насоки.
Првата насока е дека треба внимателно да се анализираат и да се исчитаат резултатите убаво, ако сакате да ја сфатите вистинската порака, се разбира. Втората претставува предизвик. Тоа значи дека резултатите кои ги рефлектира таа анкета, треба да претставуваат предизвик и за личностите кои беа опфатени во таа анкета, меѓутоа, особено за институциите, рече Петровска, која одговараше на новинарски прашања по отворањето на деветтата студентска НАТО симулација, што се одржа во организација на Евроатлантскиот совет на Северна Македонија.
Ново на Сител
-
Во сообраќајка на патот кон Средно Водно повредено шестмнесечно бебе
-
Муцунски разговараше со израелскиот амбасадор
-
Српскиот патријарх во Македонија за Свети Сава
-
9 лица, меѓу кои и малолетник, приведени во Куманово, нелегално продавале тутун на Градскиот пазар
-
Маж се фрли од зграда во Аеродром | ФОТО
-
Палевски побара изземање на обвинителката Крстевска и целото ОЈО, судењето одложено за 3 февруари
-
Приведен криминалец кој бил осуден на затворска казна од 11 години
-
Челси го комплетираше најскапиот трансфер во женскиот фудбал