Петровска на Меѓународниот саем за одбрана и безбедност во Атина
Министерката за одбрана Славјанка Петровска ќе учествува на Меѓународниот саем за одбрана и безбедност DEFEA 2023 што од денеска до четврток се одржува во Атина, а на маргините планирана е и средба со нејзиниот грчки колега Никос Панајотопулос, јави дописничката на МИА од Атина.
Според организаторите, на Меѓународниот саем ќе учествуваат 346 изложувачи од 28 земји, ќе бидат прикажани новите системи за оружје, иновативните технологии и најновите достигнувања во областа на одбранбената опрема од домашниот и меѓународниот пазар, а се очекуваат посетители од 77 земји.
Паралелно, освен од Северна Македонија и домаќинот Грција, се очекува да присуствуваат и надлежните министри од Босна и Херцеговина, Бугарија, Кипар, Грузија, Италија, Романија и Словачка.
-Надградената геополитичка позиција на Грција и стратешкиот избор на земјата да биде столб на безбедноста и стабилноста во Југоисточниот Медитеран се рефлектираат во претставувањето на DEFEA на пријателски и сојузнички земји на високо ниво. Многу успешниот настан, се враќа годинава уште поголем и повпечатлив, истакнувајќи ја Грција како еден од клучните играчи во поширокиот регион на Медитеранот и Балканот, соопштија организаторите.
Додаваат дека Саемот претставува „идеална платформа за плоден дијалог за меѓународните односи и прашањата поврзани со надворешната политика“.
Ново на Сител
-
ССМ на протест за повисоки плати и подобри услови за работа
-
Трамп: Канадскиот премиер Карни ќе ги посети САД следната недела за склучување трговски договор
-
На ГП Табановце и на Богородица се чека околу 30 минути
-
Автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред
-
ПССЕ го поздрави напредокот на земјава во исполнувањето на обврските кон Советот на Европа
-
Убиен пратеник во Кенија
-
Бесент: Украина сака да направи измени во последен момент во договорот за минерали
-
Сончево и топло до 28 степени