Петровска, Милевски и Нухиу положија свежо цвеќе на спомен обележјето на партизанските гробишта во Бутел
Делегација на Владата на Република Северна Македонија предводена од министерката за одбрана Славјанка Петровска, од министерот за локална самоуправа Горан Милевски и од заменик-министерот за правда Агим Нухиу, положија венец свежо цвеќе на спомен обележјето на партизанските гробишта во Бутел во чест на 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.
- Положувањето венци свежо цвеќе на спомен обележјето на партизанските гробишта во Бутел во Скопје е дел од програмските активностите за чествување на празникот 9 Мај 1945 година, кој како Ден на победата над фашизмот е запишан со светли букви во историјата на Северна Македонија како ден, кога заедно со прогресивните сојузнички европски сили и Соединетите Американски Држави беше прогласен официјално крајот на Втората светска војна, и ден кој беше прогласен и прифатен како Ден на победата над фашизмот, стои во соопштението на Владата.
Како што информира Владата, венци со свежо цвеќе на спомен обележјето на партизанските гробишта во Бутел во Скопје положија и делегации на Сојузот на Борците од Народно-ослободителната антифашистичка војна, Делегација на Претседателот на Република Северна Македонија, Делегација на Собранието на Северна Македонија, на Армијата на Северна Македонија, на дипломатскиот кор, како и на политички партии и други општествени и граѓански организации.
Ново на Сител
-
Србин постави чадори за своите сограѓани, како гест на љубезност | ВИДЕО
-
Стареењето некогаш се случува забрзано
-
Јужнокореец условно осуден на затвор, намерно се здебелил за да избегне служење војска
-
Свеќи од роденденска торта предизвикаа пожар во кафуле во Атина
-
Гранати од Втора светска војна пронајдени во Гостивар
-
Загина 56 годишна жена од Гевгелија, со возило излетала од пат
-
Учество на собраниска Делегација во ПС на НАТО на 70. годишна сесија во Монтреал, Канада
-
Белингем прогласен за најдобар играч минатата сезона во Примера од страна на Здружението на фудбалери на Шпанија