Македонија
21. October 2022 - 8:28

Петровска ќе присуствува на промоцијата на 22-та класа питомци во чин потпоручник

 – Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во Воената академија „Михаило Апостолски“ во Скопје ќе присуствува на свеченоста по повод промоцијата на 22-та класа питомци во чин потпоручник и свечена заклетва на 26-та класа на питомци на Воената академија.

Како што најавија од Министерството за одбрана, на свеченоста ќе присуствуваат началникот на Генералштабот, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски, претставници на воено дипломатскиот кор од Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора и останати високи гости од Министерството и Армијата.

Исто така, ќе бидат врачени и награди за најдобро рангираните потпоручници.