Петровска: Денешниот датум е во редот на најважните од независноста на државата
Министеркатра за одбрана Славјанка Петровска утрово на својот фејсбук профил објави дека денешниот датум, 27 март, е во редот на најважните од независноста на државата зашто земјава пред две години на овој ден стана полноправна членка на НАТО.
-Република Северна Македонија две години членка на НАТО. Денешниот датум е во редот на најважните од независноста на државата, ден кога ја заокруживме стратешката цел – членство во најмоќниот воено политички сојуз. Заедно сме посилни, напиша министерката Петровска.
Северна Македонија пред две години стана триесетта земја-членка на НАТО. Во вонредни околности, кога светот се соочуваше со КОВИД пандемијата, в.д. амбасадорот на земјава во САД Вилма Петковска во Вашингтон му го предаде оригиналниот документ на ратифакиција од Преспанскиот протокол за членство на помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија амбасадорот Филип Рикер.
По повод две години од членството на НАТО, зградата на МНР синоќа беше осветлена во боите на Алијансата.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
На кулата на АЕК ќе има панорамски ресторан - сообраќај до врв на Водно не е опција
-
Повредени двајца пионери на Брегалница
-
Mицкоски: Погрешна теза е дека без ДУИ ќе има има етнички тензии
-
Продолжуваат партиските активности за локалните избори
-
Кондарко: Изборите ќе течат без застои
-
Експерти од Италија и Словенија ќе испитуваат што се случувало на приватните кардиохирургии
-
Пожарите стивнуваат, штетата дополнително ќе се утврдува