Свет
31. October 2015 - 10:48

Петнаесет луѓе загинаа во пожар на Филипини

Петнаесет лица загинаа, од кои шест деца во пожар што утрово избувна на пазар во филипинскиот град Замбаонга, соопшти полицијата.

Пожарот бил изгаснат по три часа, а најверојатна причина за негово избувнунвање се искри од кабел од електричен столб. 

Замбаонга е големо пристаниште на околу 860 километри јужно од Манила.