Петнаесет деца се удавија во поплави во Бангладеш
Петнаесет деца се удавија во поплавите што го погодија Бангладеш, а итно е потребно да се обезбеди чиста вода за пиење за 3,5 милиони луѓе, бидејќи опасноста од појава на болести кои се пренесуваат преку вода се зголемува, објави денеска во Женева претставникот на УНИЦЕФ Шелдон Јет. „Тоа е фрапантна бројка на настрадани деца и зголемување на вкупниот број на жртви во последните неколку дена. Огромни области се целосно потопени и отсечени од залихите на вода за пиење и храна. На децата во овој момент им е потребна помош“, изјави Јет.
Тој додаде дека владите на различни земји и агенции побрзаа да обезбедат хуманитарна помош, вклучително и вода за пиење, по ненадејните поплави кои зафатија четвртина од Бангладеш и ја нарушија работата на здравствените институции, ги затворија училиштата и ја загрозија борбата против неухранетоста на децата. „Бројот на случаи на дијареја се искачи на 2.700 од средината на оваа недела“, додаде тој. Властите во Бангладеш и соседна Индија предупредија на ризикот од појава на болести кои се пренесуваат преку вода. Како резултат на најголемите поплави во Бангладеш во последните сто години, повеќе од 4,5 милиони луѓе се отсечени од светот, а десетици ги загубија животите.
Ново на Сител
-
Иванов: Секое решение за Вардариште ќе трае со години
-
Тема на денот со Татјана Чакулев, О2 иницијатива
-
Почна судењето за Беланоца
-
Мицкоски: Кога СДСМ е на власт ги злоупотребува тајните служби за да не следи
-
До Здравство доставени 8 досиеја на кардиолошки пациенти за кои постои сомнеж дека непотребно биле оперирани
-
МВР набавува 120 возила
-
Почна судењето за Беланоца
-
Македонија на 3-то место по раст во БДП според Евростат - Во 2 квартал економијата пораснала 3,4%