Петмина полицајци убиени, осуммина ранети во серија напади во Пакистан
Петмина полицајци се убиени, а осуммина ранети во серија напади на милитанти врз полициски сили во северозападната пакистанска покраина Кибер Пахтунхва, соопштија властите.
Според полицијата, денеска биле изведени четири одделни напади, од кои три завршиле со жртви меѓу полицајците.
Најтешкиот напад се случил во округот Аппер Дир, каде вооружени лица рано наутро поставиле заседа и отвориле оган врз полициско возило за време на рутинска патрола. Во нападот се убиени тројца полицајци, а седуммина се ранети, изјави полицискиот службеник Исмаил Кан.
Во предградие на Пешавар – Хасан Кхелу – напаѓачи со автоматско оружје нападнале полициска станица. Во размената на оган загинал еден полицаец, а друг бил ранет, изјави шефот на градската полиција, Касим Али Кан.
Уште два напади се случиле во текот на ноќта на контролни пунктови – во областа Лајбок, округ Лоуер Дир, каде бил убиен еден полициски службеник, и во округот Бану, каде немало жртви.
Ниту една група веднаш не ја презеде одговорноста за нападите, а не е познато дали тие се меѓусебно поврзани.
Нападите се случија во време кога во округот Баџаур, во истата покраина, се води безбедносна операција против милитанти. Иако нема официјална објава за почеток на офанзивата, Баџаур некогаш беше силно упориште на пакистанските талибанци.
Локалниот управител Саид Улах изјави дека акцијата не е од големи размери и дека целта се само засолништата на бунтовниците за да се избегнат цивилни жртви. Сепак, операцијата веќе расели најмалку 100.000 луѓе, а има и цивилни жртви, вклучувајќи ги и загинатите.
Денеска стотици луѓе со црни знамиња одржаа седечки протест поради загинувањето на мајка и нејзините две деца во областа Инајат Кили, откако минофрлачка граната го погоди нивниот дом.
Властите ги регистрираат раселените семејства од областа Мамунд и отвораат привремени кампови во јавни училишта и спортски сали. Луѓето добиваат пакети со храна и хуманитарна помош, изјави владин претставник од Баџаур, Саид Кан.
Според официјални проценки, во Бајаур се кријат меѓу 500 и 800 милитанти.
МИА
Ново на Сител
-
На „Табановце“ се чека околу 40 минути, на „Богородица“ половина час
-
Русија ликува по Самитот на Трамп, а Путин наводно ги бара Доњецк и Луганск
-
Поради пожарот во „Јасен“, се уште затворен регионалниот пат Македонски Брод - Скопје
-
Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата
-
ЦУК: 27 пожари на отворен простор, активни два и еден под контрола
-
Илјадници демонстранти во Тел Авив побараа крај на војната во Газа
-
Дачиќ за вчерашните протести: Повреден жандарм, уапсени 18 лица, воспоставен ред и мир
-
Сончево утро, нестабилно попладне