Петмина осомничени за фалсификување пари во Куманово

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против пет лица, од кои две се осомничени дека сториле продолжено кривично дело „фалсификување пари“ од член 268 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик, додека останатите со умисла им помогнале да го извршат делото.
Како што соопшти денеска Јавното обвинителство, осомничените, четворица жители на Скопје и една жителка на Крива Паланка, сите на возраст меѓу 19 и 34 години, за сума од 18.000 денари набавиле девет фалсификувани банкноти од по 100 евра од лице од Скопје.
Потоа, во пет наврати во Куманово и еднаш во Крива Паланка, во различни правни субјекти купувале производи и услуги со фалсификуваните банкноти. Набавувале храна, алати, но и изнајмувале соби, со што се стекнале со противправна имотна корист.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово доставил предлог за определување мерка притвор за осомничените.
Ново на Сител
-

Лани околу 12.000 Македонци работеле во Хрватска, најмногу во туризмот
-

Удрил во куче, изгубил контрола па се судрил со возило во спротивна лента, загина 25 годишник од Крива Паланка
-

Законот за заштита од пушење не се одложува, велат од МЗ
-

ДЗС на терен во поплавените региони, се расчистуваат куќи и дворови
-

Минатата седмица санкционирани 117 непрописно паркирани возила на територија на Центар
-

Апел за помош: Исчезнат е Виктор Илиевски од Прилеп
-

Мицкоски: Реконструиран дел од локалниот пат Драчево – мотел „Китка“, се создават услови за локален развој
-

Повисоки критериуми за добивање субвенции и засилени контроли на корисниците, најави министерот Трипуновски
