Петличковски: Прв би се вакцинирал со АстраЗенека во случај да не бев веќе вакциниран
Директорот на Институтот за имунобиологија и хумана генетика, д-р Александар Петличовски во гостувањето на Сител рече дека само комбинирање на мерките, односно рестрикции и масовна имунизација може да даде добар резултат во борбата против Ковид-19.
Во однос на имунизацијата со „АстраЗенека“ рече дека не е логично таа да е помалку безбедна за лицата кои се на возраст под 60 години.
-Мислам дека се ова некои статистички исечоци кои покажуваат некакво почесто случување на тие несакани ефекти. Но, реално кога сѐ ќе се сумира мислам дека повторно прашината ќе спласне и „АстраЗенека“ ќе си се врати во редот на безбедни вакцини, рече Петличковски, додавајќи и оваа вакцина ја става во иста безбедносна граница како и останатите.
Потенцира дека тој е првиот кој би се вакцинрал со „АстраЗенека“.
За кинеските вакцини, кои всушност треба да пристигнат во Македонија во најголем број, Петличковски вели дека податоците за нивната ефикасност доцнеле на почетокот. Меѓутоа, тој појаснува дека се работи за безбедни вакцини кои имаат пониска стапка на ефикасност.
-Но, од друга страна имаат друга предност бидејќи создаваат имунитет на комплетниот вирус, а не само на некој изолиран негов протеин што е пристапот кај другите модерни вакцини. Јас од секоја вакцина се воодушевувам колку е таа технологија напредна и колку е таа технологија модерна, рече Петличковски, појаснувајќи дека станува збор за вакцини правени по најстарите достапни методи.
Ново на Сител
-
Филипче за Сител: ВМРО-ДПМНЕ наследи средена држава со стабилни финансии, за година и пол направија хаос
-
Ѓорѓиевски: Ветувам, на крајот на мојот мандат Вардариште ќе биде модерен парк
-
Сиљановска-Давкова oствари средба со грчкиот професор Јанис Армаколас
-
Орбан: Украина има непријателски став кон Унгарија
-
Едно лице убиено, десетици повредени во масовните протести во Перу против претседателот
-
Турција ќе се придружи на потрагата по тела под урнатините во Газа
-
Руски ракети погодија полигон за обука во Украина, неколку мртви
-
Министерката Божиновска учествува на состанокот на министри за економија од Берлинскиот процес