Петковски: Работните места во Македонија се минско поле – секоја недела ни гине по еден работник
Како минско поле се работните места во Македонија, тврди Милан Петковски од Македонското здружение за заштита при работа во емисијата Детектор. Непочитувањето на стандардите за заштита при работа, според податоците на ова здружение резултира со речиси еден загина на работно место секоја недела.
„Нашите податоци од Македонското здружение за заштита при работа зборуваат дека работните места во Македонија се минско поле. Речиси еден неделно ни гине на работните места. Ние се обидовме барем да ги сортираме, да ги собереме сите десетина години, 11, во кои ја водиме оваа евиденција за смртни случаи и несреќи при работа да излеземе со конкретни податоци.
Нашите податоци зборуваат дека 466 луѓе загинале во изминатите 11 години. Тоа е огромна бројка на луѓе, наспроти перцепцијата. И покрај големиот број на луѓе загинати на работни места луѓето се уште имаат перцепција дека работат во безбедна средина.“ – вели Петковски за Детектор.
Тој додава дека голем проблем е и тоа што голем дел од работниците воопшто и не знаат што значи безбедност и здравје при работа
Ново на Сител
-
Руски пливач исчезна при препливување на Босфор
-
Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши
-
Истрага против 13 лица за даночно затајување, даночна измама и перење пари
-
ФФМ изрече казни за физичкиот напад во Штип
-
ОЈО бара притвор за таткото на играч на „Шкупи“ што физички нападна двајца младински фудбалери на „Брегалница“
-
Приведен 51-годишник од Охрид, испраќал недолични пораки и фотографии на 17-годишна девојка
-
На ГП „Табановце“ се чека 30 минути
-
Приведени пет дилери од скопје кај кои била пронајдена бела прашкаста материја и марихуана