Петковиќ: Србија на чело со Вучиќ никогаш нема да го признае Косово

Директорот на српската владина канцеларија за Косово, Петар Петковиќ денеска оцени дека „косовскиот премиер Албин Курти може само да сонува дека официјален Белград ќе го признае независно Косово, исто како што сонува за т.н „Голема Албанија“.
-Имаме лоши вести за Курти – додека на чело на Србија е претседателот Александар Вучиќ, официјален Белград никогаш нема да го признае т. н. независно Косово, а Курти може само да сонува за тоа, како што сонува за таканаречената „Голема Албанија“ чии знамиња толку страсно ги вее на своите митинзи, но тука завршува се, рече Петковиќ во изјавата.
Курти на социјалните мрежи објави фотографии од предизборниот митинг на неговата партија Ветевендосје пред парламентарните избори во Косово, а на една од нив позираше со активист кој држи знаме на „Голема Албанија“.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Никола Србов, историчар
-

Мицкоски верува во решение преку дијалог со Бугарија - Филипче бара европска иднина
-

ВМРО-ДПМНЕ со 3,5 пати поголем рејтинг од СДСМ
-

Кризната состојба за горивата ќе продолжи до април, намалено ДДВ за дизелот до 20 октомври
-

30.000 вакцини против грип пристигнаа во земјата – имунизацијата за една недела
-

Скопското Кале ќе биде прогласено за културно наследство
-

Оризовите стрништа го палат алармот кај пожарникарите
-

Од 20 - 30 питачи од најмала возраст во Oхрид
