Петков: Нова автобуска станица во Виница и нова викенд населба на Плачковица
Денес сакам да Ви презентирам два проекти од нашата програма, кои се од голема важност за сите граѓани на општина Виница и за кои гарантираме дека ќе ги реализираме.
1. Изградба на нова автобуска станица за локален, меѓуградски и меѓународен сообраќај, којашто е предвидена согласно ДУП односно на просторот помеѓу Здравствен Дом Виница и бензинската пумпа на „Дади компани“.
Реализацијата на овој проект ќе значи и отворање на нови работни места, подобрена сообраќајна инфраструктура и поврзаност.
На сегашниот простор наменет за запирање на автобусите ќе изградиме современ паркинг простор со што ќе ја подобриме состојбата со паркирањето во Виница.
Овој дел од централното градско подрачје ќе добие нов урбан лик, осветлен и хортикултурно уреден.
2. На планината Плачковица во место викано Маринково ќе донесеме план за изградба на туристичка и викенд населба за изградба на викенд куќи и хотелски комплекси со што ќе се овозможи развој на планинскиот туризам.
Планината Плачковица и врвот Лисец се омилена дестинација за рекреација и кампување на голем број на граѓани.
Тука има голем потенцијал за развој на планинскиот туризам и затоа оваа дамнешна желба на граѓаните на Општина Виница, ќе стане реалност.
Ќе донесеме урбанистички план, со што физичките и правните лица ќе имаат можност да добијат градежни парцели за изградба на викенд куќи и хотелски комплекси.
За пристапот до туристичката и викенд населба ќе извршиме и рехабилитација на патниот правец од с. Градец.
Почитувани,
Секој еден проект од изборната програма е добро осмислен, реален и е резултат на потребите и барањата на Вас граѓаните на општина Виница.
Затоа на 17-ти октомври ја бараме Вашата поддршка за промени, проекти, победи.
Миле Петков, кандидат за градоначалник на општина Виница
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Колкави плати земаат функционерите?
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар
-

Полиција го чува Груби во домашен притвор, МВР и АНБ процениле дека не може да му се гарантира безбедноста во “Шутка”
-

Филков бара одговорност со име и презиме за куќниот притвор на Груби
-

Од денеска 6 фирми за производство на канабис останаа без дозволи за работа
-

Ќе се намалуваат функционерските плати за околу 200 евра
-

Ќе се воведува дуалниот концепт и во високото образование
-

Угостителите добија време од една година за да се прилагодат на новиот закон за заштита од пушењето
