Петер: Враќањето на рамниот данок храбар чекор на Владата

Храбар чекор од страна на Владата, вака Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија ја оценува одлуката за враќањето на рамниот данок и одложувањето на прогресивното оданочување за три години.
-При деловното работење, сосема е нормално да се испробаат одредени мерки и да се повлечат доколку не се доволно успешни. Враќањето на системот на рамен данок, според Советот, претставува храбар чекор од страна на Владата. Тоа не значи нужно напуштање на општествениот стремеж, туку чекор напред кон развој на здрава економија што претставува ‘рбет на секое општество, стои во писмената изјава на претседателот на Советот, Штефан Петер.
Во глобален контекст, каде што земјите се натпреваруваат за подобра инвестициска средина, клучно е, дополнува Петер, да не се создаваат економски пречки.
-Веруваме дека приливот што недостига од прогресивниот данок, лесно може да се надомести од зголемените приходи од данокот на добивка по основ на директните странски инвестиции, наведува претседателот на Советот на странски инвеститори.
Ново на Сител
-

Со термални камери општините од струмичкиот регион ќе ги детектираат потпалувачите на депонии
-

Владата утре ќе ја намали акцизата и ќе го задржи ДДВ на 10 отсто кај горивата
-

Мицкоски: СДСМ се однесува како локална организација на бугарска партија
-

МОН најде приватен институт во обложувалница, со два душеци и две столчиња
-

Тече конкурсот за упис во средните училишта, најмногу место има за ученици во средните стручни училишта
-

Третманот со ефикасна терапија го зголеми бројот на преживеани на Oнкологија
-

Одбележан 4 април, Денот на тутунските работници - се бара поголема поддршка од државата
-

За прв пат Лазарева поворка во Охрид
