Петер: Договорот со Грција ќе има огромно влијание врз бизнисот
- Огромно ќе биде влијанието од потпишувањето на Договорот меѓу Македонија и Грција врз бизнисот. На граѓаните нема токму денес да им биде јасно што значат настаните од минатиот викенд, но има време пред нас во кое ќе им овозможиме да разберат, рече денеска претседателот на Советот на странски инвеститори на Стопанската комора на Македонија Штефан Петер.
Според него, Договорот е прва цигла од куќата наречена Европска унија.
- Јас сум европски бизнисмен и јасни ми се придобивките од тоа што Македонија ќе биде интегрирана во ЕУ. Минатиот викенд се покажа дека Македонија не е остров и дека е во интеракција со своите соседи. Истото важи и за странските инвеститори во Македонија, тие не се остров. Странските инвеститори се интегрираат себе си во македонското општество, истакна Петер на прес-конференција, одговорајќи на новинарско прашање.
Тој претходно го најави претстојниот „Светски пикник“ закажан за 24 јуни во скопскиот Градски парк. Настанот се одржува третпат, а целта е презентирање на културата на земјите чии компании се членки на Советот на странски инвеститори. Посетителите ќе имаат можност за 100 денари да дегустираат некој од националните специјалитети: виенска шницла, француски кроасани, турски донер, грчко гиро,... Освен што ќе биде забавен, настанот, рече Петер, има и хуманитарен карактер. Сите средства ќе бидат донирани во народни кујни.
Претседателот на Советот апелира граѓаните да го посетат „пикникот“ независно од временските услови.
На првиот „Светски пикник“ во 2016 година имало преку 2.000 посетители.
Ново на Сител
-
Запален автомобил на јавен обвинител од Скопје
-
Мечка следела и гонела 15-годишно дете во Македонски Брод
-
Судијката Алексовска Стојановска разрешена од работна група во Министерството за правда
-
Вонреден инспекциски надзор во Струшката болница по смртта на четиригодишно дете
-
Маск: УСАИД финансирал истражување за биолошко оружје, вклучително и Ковид-19
-
Санкционирани 147 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар
-
Земјотрес од 4,9 степени во близина на Санторини-порака од 112 до жителите на островот
-
Сообраќајна несреќа на патот Виница - с.Смојмирово, 5 повредени и едно лице со тешки телесни повреди