Петар Јанков прогласи победа во Струмица

Кандидатот за градоначалник на Струмица од ВМРО - ДПМНЕ и коалицијата, Петар Јанков, вечерва прогласи победа. Тој во своето обраќање истакна дека по 20 години падна бастионот на СДСМ во Струмица.
- Според податоците од нашиот аналитички центар од обработените 82 отсто од обработените гласови ВМРО - ДПМНЕ води со 12.223 гласови наспроти противникот со 7.908 гласови. Тоа укажува на разлика од повеќе од 4.000 гласови. Очекувам во 17 избирачки места, кои не се обработени, овој тренд да продолжи. Затоа струмичани извојуваа убедлива победа, односно ВМРО - ДПМНЕ по долги години извојува убедлива победа во Струмица. Со тоа струмичани го соборија бастионот на СДСМ овде во Струмица. Победи волјата на граѓаните во Струмица, рече Јанков.
Тој се заблагодари на граѓаните за големата поддршка и најави дека според податоците кои ги има очекува мнозинство советници во Советот на Општина Струмица.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Има докази зошто Груби е во домашен, наместо во затворски притвор
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски
-

Македонија ја има хрватската поддршка за ЕУ
-

Дуел Мицкоски-Филипче на пратенички прашања
-

Гаши не го коментира Груби – партиите меѓусебно се обвинуваат
-

Вајц: Македонија да го искористи позитивниот момент за проширување на ЕУ, итно се потребни уставни измени
-

Најавен со билборди, пречекан со црвен тепих: Посетата на Бегај почна од Чаир
-

Во Кривичен суд пристигнале 476 приговори за „Сејф Сити“
