Пет тела на мигранти пронајдени на брегот источно од Триполи

Пет тела на мигранти, вклучувајќи две жени се пронајдени на брегот во Каср ал-Акјар, град кој се наоѓа 73 километри источно од либискиот главен град Триполи, изјави синоќа полициски офицер.
Хасан Ал-Гавил, кој ја води истрагата, рече дека станува збор за тела на луѓе со темна кожа. Нивното пронаоѓање на плажата Емхамид Ал-Шариф во западниот дел од градот го пријавија локалните жители.
Уште од падот на Гадафи во 2011 година, Либија стана транзитна рута за бројни мигранти кои бегаат од насилство и сиромаштија, од каде што се впуштаат во опасно и ризично патување преку Средоземното Море до Европа. Поради фракциските конфликти, северноафриканската земја е поделена на западна и источна зона од 2014 година.
– Телата што ги пронајдовме се сè уште недопрени и мислиме дека има уште тела што ќе бидат исфрлени на брегот, рече Ал-Гавил.
Претходно овој месец, 53 мигранти, меѓу кои и две бебиња, го загубија животот или се водат како исчезнати откако чамец со 55 лица се преврте во близина на градот Зувара, западно од Триполи, соопшти Меѓународната организација за миграција.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп ги нарече сојузниците „кукавици“: НАТО е „тигар од хартија“ без САД
-

Уапсени девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник
-

Вучиќ: Србија не е опасност за регионот
-

ПМФЛ: Работнички го совлада Силекс, Тиквеш убедлив против Брера
-

ОЈО ГОКК бара притвор за директорот на Државниот инспекторат за земјоделство за примање поткуп од 50 000 евра
-

Почина легендарниот Чак Норис
-

Саудиски министер за надворешни работи: Го задржуваме правото да преземеме воена акција против Иран
-

Аксиос: САД размислуваат за заземање на иранскиот остров Харг за да го принудат Техеран повторно да ја отвори Ормуската Теснина
