-->
-->
Пет од пет, но порази за младите кошаркари
-->
Во последното 5 коло од групата Д на Европското првенство за играчи до 18 години во Австрија, дивизија Б , македонската репрезентација го загуби и петтиот натпревар и во продолжението на шампионатот ќе разигрува за пласман од 17 до 24 место.
Македонија вчеравечер беше поразена од домаќинот Австрија со 82:67 (19:15; 18:20; 18:15 и 27:17).
По израмнетите три четвртини избраниците на селекторот Саша Димитријевиќ „паднаа“ во последните десет минути во кои прими дури 27 кошеви, што на крајот резултираше со уште еден, петти по ред пораз на првенството.
Македонскиот национален тим со низа од пет порази ја завршува првата фаза на ЕП како последно пласирана селекција во групата Д, позиција која во продолжението на првенството води во разигрување за пласман од 17 - 24 место.
Најефикасни во македонскиот состав беа Дамјан Робев со 17 и Ненад Димитријевиќ со 14 кошеви.
Денеска на ЕП дивизија Б во Австрија е првиот слободен ден.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Минималната дневница во земјавата колку 1,5 час работа во Германија
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Брз електронски попис и една изборна единица
-
Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив
-
Taблички во боја за службените возила
-
Дигитална лична карта, е-фактури, електронски барања за посебни истражни мерки
-
СДСМ алармира за ризична набавка во МВР