Пет нови пловни објекти за Езерската полиција во Охрид
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска престојуваше во Охрид каде присуствуваше на презентација на новата опрема обезбедена за потребите на Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ (Езерска полиција).
Станува збор за пет пловни објекти со комплетна опрема, од кои четири патролни глисери со цврсто корито и кабини, со моќност од 200 и 160 коњски сили и еден гумен чамец со вонбродски мотор за надзор и обезбедување на Охридското Езеро и државната граница со Република Албанија.
– Ова е набавка направена за првпат после 20 години. Уште еден пример за посветеноста за комплетно опремување на полицијата, обезбедување максимални услови за работа на полициските службеници, што носи подобри резултати односно поголема безбедност на граѓаните, рече Спасовски, изразувајќи благодарност до Чешката Република која обезбеди половина од средствата за набавка на пловните објекти.
Спасовски истакна дека тоа е само дел од она што раководството на МВР го прави за подобрување на условите за работа на полицијата. Тој потсети дека се набавуваат нови униформи и опрема за полициските службеници, а се работи и на реновирање на полициските станици.
– Во тек е реконструкција на ОВР Кавадарци, Крива Паланка, Гевгелија, Регионалниот центар „Југ“ и полициската станица „Битпазар“. Очекуваме за скоро време сите тие објекти да бидат завршени, практично оваа 2020 година да бидат заокружени градежните зафати. Пред два дена ја исплативме бонус-платата за 2017 година, а наредните месеци ќе се исплатат бонусите и за 2018 и 2020 година, посочи Спасовски.
Истакна дека со обезбедување на подобри услови за работа за полициските службеници се добива поголема безбедност на граѓаните, на што укажуваат намалениот број сообраќајни незгоди, големите количини запленети дрога, оружје, пиротехника….
Министерот за внатрешни работи најави дека наредната година е предвидена и набавка на софистицирана опрема за контрола и заштита на просторот на и околу Охридското Езеро.
– Проектот предвидува целосно техничко покривање на просторот со термички камери, возила со специјална опрема што ќе ја обезбедуваат границата на начин како што тоа е направено на границата кај Гевгелија и Дојран, рече Спасовски.
Ново на Сител
-
Влезниците за ЗОИ 2026 поскапи од ОИ 2024 во Париз
-
РФМ: Ракометарките ќе добијат награда од 1.5 милиони денари за пласман на СП
-
Дојави за бомби во две средни училишта во Скопје
-
На Царина запленети автомобили, тутун за наргиле, лекови за животни, цигари и брендирани женски обувки | ФОТО
-
Вашингтон Пост: Маск без успех апелирал до Трамп да се откаже од воведувањето нови царини
-
Кина вети дека ќе преземе решителни контрамерки и ќе се бори докрај со царините на Трамп
-
Вчера 841 сообраќаен прекршок на територија на цела држава, 214 за брзо возење
-
Мицкоски: Наш предизвик и цел како Влада во периодот кој следи, е да го подигнеме социјалниот и економски статус на Ромите