Пет намирници кои треба да ги чувате во фрижидерот
Правилата околу чувањето на намирниците се бројни, но едно е сигурно – некои намирници можат да се расипат доколку не ги чувате на правилното место, а други поради тоа можат да го изгубат својот вкус.
Во продолжение, проверете кои групи на намирници треба да се чуваат во фрижидерот.
Куповни сосови – соја сосот, разните лути или рибји сосови и кечапот не се расипуваат доколку не се во фрижидер, но истите го губат својот квалитет. Поради тоа, чувајте ги на ниски температури за да уживате во нивниот оригинален вкус.
Куповни овошни сокови – многумина ги игнорираат пакувањата на соковите на кои пишува дека сокот, по отворањето мора задолжително да се чува во фрижидер. Исто така, обратете внимание на рокот на траење, бидејќи поголемиот дел од овошните сокови смеат да се консумираат само три дена по отворањето.
Овошје со семки – сливите, праските, кајсиите, црешите и сите останати овошја со семки брзо созреваат и омекнуваат. Ниските температури го забавуваат тој процес, што резултира со свежо овошје на подолг период.
Доколку сте купиле овошје кое сè уште не е дозреано, прво оставете го 2-3 дена на собна температура, а потоа чувајте го во фрижидер. Така ќе му го продолжите рокот на траење за недела дена.
Јаткасти плодови – плодовите се полни со природни масла поради што можат лесно да се расипат на собна температура и да станат горчливи. Поради тоа, чувајте ги во фрижидерот, а со обѕир на тоа дека содржат многу малку вода, можете да ги чувате и во замрзнувач без да се замрзнат.
Свежи зачини – "тврдите" зачини кои имаат дрвенести стебла како што се рузмаринот, ориганото и мајчината душичка треба да се замотаат во влажна хартија а потоа да се стават во пластична ќеса.
"Меките" зачини како што се магдоносот и коријандерот третирајте ги како букет. Отсечете го долниот дел од стеблата, ставете го зачинот во чаша свежа вода и сместете го во фрижидерот. Секој ден менувајте ја водата, со цел да ја задржи свежината.
Ново на Сител
-
Напад со секира во француски воз: Четворица повредени, двајца во тешка состојба
-
Шведска не дозволи изградба на 13 паркови со ветерници во Балтичко Море поради безбедносни ризици
-
Тошковски: Општество кое има сигурни и безбедни новинари е демократско општество
-
Приватните превозници бараат состанок со ЈСП за покачување на цената за километар и се обврзуваат старите автобуси да ги заменат со нови еколошки
-
Без вода утре делови од Сарај и Карпош
-
Кривична пријава против поранешни вработени во МВР за „оддавање службена тајна“, ја користеле познатата SKY/ECC апликација
-
Ердоган го повика исламскиот свет да се обедини во подршката за палестинскиот и либанскиот народ
-
Тројцата астронаути од кинеската мисија „Шенжоу-18“ се вратија на Земјата