Пет начини да ги избегнете комарците
Иако сѐ уште е зима, со потоплото време минуваме повеќе време на отворено и, исто така, сѐ почесто ги отвораме прозорците навечер заради, колку-толку, посвеж воздух… Па, комарците и сега може да се појават во куќата.
Што да се направи во врска со тоа? Постојат многу начини за „одбрана“. Следуваат пет од, можеби, најефикасните…
1. Светла облека
Комарците најчесто напаѓаат кога Сонцето изгрева или заоѓа. Тие, така, вообичаено, бараат бои што се контрастни со хоризонтот, како што се црната или други потемни бои. Светлата облека е „помалку видлива“ за овие инсекти, а со тоа и помалку привлечна. Така, белата облека е одлична „маска“, ако не сакате да Ве нападнат.
2. Вентилатор
Тие не можат да летаат така добро, кога е ветровито. Дури и послаб ветер е голем проблем за нив. Значи, вентилаторот е нашата предност во оваа наша „вечна борба“ против непријателот.
3. Лаванда
Комарците го мразат мирисот на лаванда, па ако засадите неколку растенија лаванда во градината – тие ќе Ве посетуваат многу поретко. Може, исто така, и да се втрие лаванда на кожата,, во облик на есенцијално масло, на пр., за комарците да бегаат од Вас. Покрај тоа, лаванда е одлично средство за опуштање кај луѓето.
4. Лук
Овој метод ги брка и комарците, но и луѓето. По консумацијата на лук, човекот просто, помалку „мириса на човек“, и на комарците сѐ тоа не им е дотолку привлечно.
5. Каранфил
Покрај лавандата, комарците го мразат и мирисот на каранфил. Поставете едно цвеќе на маса во куќата или, на наткасната во спалната соба и – пријатниот, непрекинат сон е, речиси, загарантиран.
Ново на Сител
-

За само шест месеци откриени над 6.300 AI-слики со сексуална злоупотреба на деца
-

Чекањето заврши: Пристигна новата реалност во Тиго со намалени трошоци
-

И покрај повисоките цени, „Октоберфест“ годинава заврши со рекорден број посетители
-

Истражување: Колку ПХЕВ ја загадуваат животната средина?
-

Принцот Ендрју со претставка до полицијата поради неговото апсење во врска со Епстин
-

Шпанија оди на предвремени избори, премиерот Санчез ги распиша за 29 ноември
-

Одбележување на Светската недела на вселената
-

Заврши уште едно успешно издание на ендуро трката во Делчево со рекорден број учесници и публика
