-->
-->
Пет лица се уапсени во Сиднеј поради убиството на полицаец
-->
Пет лица се уапсени денеска во полициски акции во четири населени места во западниот дел на Сиднеј, поради наводна поврзаност со терористичкиот напад извршен минатата недела од 15-годишно момче врз полициска станица.
Околу 200 полицајци учествувале во операциите изутринава, при што се уапсени едно 16-годишно момче и четири момчиња на возраст од 18 до 22 години. Тие се притворени и сослушани во врска со нападот, во кој беше убиен 58-годишен полицаец.
Петнаесетгодишниот напаѓач Фархад Џабал беше убиен во престрелката со полицијата. Се истражуваат мотивите на Џабал да го изврши нападот, а полицијата соопшти дека убиството било политички мотивирано и е поврзано со тероризам.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Водици и Денот на рибарите магнет за туристите
-
Преглед на вестите од светот
-
Револт кај Македонската Фаланга од данските судии - играчите и навивачите сепак не се обесхрабрени
-
Има ли Македонија функционален систем за социјално-ранливите семејства?
-
Тема на денот со Синиша Пекевски
-
Железницата Куманово-Бељаковце е пуштена во употреба
-
Преглед на вестите од светот
-
Близначиња починаа од глад и студ