Пет лица повредени во сообраќајка кај месноста Стамерски Преод, Делчевско, сообраќајот во прекин
Поради сообраќајна несреќа во близина на месноста Стамерски Преод, во прекин е сообраќајот на патот Делчево - Пехчево - Берово. Според првични информации, во несреќата учествувале три возила, а на местото на настанот излегле Итна медицинска помош и екипа на ТППЕ Делчево, при што од страна на медицинскиот тим констатирани се повреди кај пет лица.
- Имаме донесено пет повредени лица, по првичните прегледи тројца се во добра состојба, додека двајца од повредените ќе бидат препратени во блиските болници во соседните градови за доутврдување на повредите, истакнаа од Итната медицинска помош.
На местото на настанот се и екипи на делчевската полиција кои вршат увид. Повеќе информации за причините на несреќата најавија во текот на денот. Алтернативен патен правец за сите кои сообраќаат кон Пехчево и Берово е стариот пат преку с.Тработивипте.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Љузим Фаризи, политички аналитичар
-
Поднесено обвинение против петмина турски државјани за убиството во кафе бар во Штип
-
СДСМ продолжува со активностите на терен
-
Монтажен паркинг на Матка, промена на фасади во Карпош, кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и денеска на терен
-
Избори 2025 - Активности на ДУИ и на ВЛЕН
-
Активности на кандидати за градоналачници
-
Розов пикник појадок за поддршка на жените со рак на дојка
-
Заедничка балканска промоција